Пожар избувна вчераколу 22 часот на покривот во рамки на станбено-деловниот комплекс наречен Чешел над градскиот плоштад во Тетово, при што нема повредени лица. Пожарот избувнал на покривот од деловните канцеларии, а го изгаснале девет пожарникари со три возила.
-Релативно брзо дојдовме на местото и успеавме да го изгасиме пожарот додека траеше во покривот од комплексот. За среќа спречивме да навлезе во канцелариите и во становите, изјави командантот на пожарникарите Ука Алити.
Од СВР Тетово инфомираат дека кај нив пожарот е пријавен во 23 часот и 40 минути, а дека увид ќе се врши во текот на денот.
А.С