Во тетовската полиција вчера во 21.40 часот било пријавено дека на улица „Благоја Тоска“ во Тетово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Д.(28) и Б.Д.(23), двајцата од село Јажинце.
Полициски службеници излегле на местото и при обид да ги смират, тие се однесувале агресивни и им се заканувале на полициските службеници. Двајцата биле лишени од слобода и биле задржани во Полициска станица Тетово за понатамошна постапка, информира СВР Тетово.
Во информациите на СВР Тетово евидентирана е пријава вчера во 17.45 часот во Полициска станица Тетово.
А.Ш.(46) село Теново пријавил дека на булевар „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, по претходно случена сообраќајна незгода, бил физички нападднат од лице со иницијали А.Л..Се работи на расчистување и документирање на случајот.