Градоначалниците од полошкиот регион добија насоки од експерти како да се се реализира првата фаза од долгорочниот план за справување со отпадот на денешната работилница и дискусија за регионалниот план за управување со отпад што се одржа во Тетово. Планот кој опфаќа три фази во периодот 2019-2029 предвидува формирање на заедничко јавно претријатие како и брзи и итни мерки за подобрување на депонијата Русино.
-Проблемот ни е голем и заеднички. И интензивно сите работиме за да стигнеме до веќе почетните чекори за формирање на заедничкото претријатие. Обврска ни е законска како регион формираме едно заедничко претриајтие и тоа произлегува од првичните анализи од самите експерти кои работат во проектот финансиран од швајцарската влада, но исто така имајќи го предвид фактот дека овие решенија се регионални решенија, не се локални, рече тетовската градоначалничка Теута Арифи.
Се очекува претпријатието да започне со работа до крајот на мај 2020 година.
-Иницијативата за едно претријатие за менаџирање на депонија Русино се смета како посебна и многу важна мерка. На работилницата претставниците на оштините потврдија дека во наредиот период нивните Совети на општините треба да донесат одлуки за формирање на комисијата која ќе работи на подготовка на статус, документација и органите на заедничкото претријатие, изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.
Во брзите и итно мерки со финансиски средства од проектот предвидено е да се постави систем за управување со исцедокот од отпадот како и набавка на колска вага која ќе ја регистрира количината и видот на целиот дојдовен отпад. Втората фаза од 2021 до 2026 предвидува имплементација на регионален систем за управување со отпад, а додека третата фаза (2027-2029) планирање и изградба на нови регионални софистицирани објекти за третман на отпад.