Ана Андонова од Тетово членка на фото кино-група „Чкрап“ ја доби посебната награда „Благоја Дрнков“ на 59-тата Државна изложба на фотографии „Денови на македонската фотографија Охрид 2021“ во организација на Фото сојузот на Македонија. Таа наградата ја доби за фотографијата насловена „Три“.
На Државна изложба на фотографии „Денови на македонската фотографија се доделија награди за фотографии во поединечна конкуренција, за колекција на фотографии и фотографии на млади до 21 година.
Фото сојузот ја организира изложбата поттикнувајќи ги авторите да ги испечатат фотографиите сметајќи дека само тогаш авторски печат останува трајно.
Во Македонија „Денови на македонската фотографија“ е резиме на македонското фотографско творештво во тековната година и е најстара фотографска манифестација.
Ана Андонова има 22 години, се занимава со филм, режија и фотографија.