Од денес започнаа работи на асфалтирање на дел од патот Тетово-Јажинце, поточно на потегот од Пршовце до Непроштено, во рамки на општина Теарце. Поради поставувањето на асфалтот изведувачот го регулира сообраќајот, па движењето на возилата на делницата се дозволува наизменично.
-Се асфалтира само дел од коловозната лента откако досега беше работено на уредување на тротоарот долж патот. Станува збор за 8 километри од Пршовце, преку Теарце, Слатино, Лешок и до Непроштено, информираат од општина Теарце.
Работите ги изведува Јавното претријатие за државни патишта.