Министерството за здравство информира дека во клиничката болница во Тетово почина пациент на 53 години. Вкупно 59 лица починале досега во тетовско поради Ковид-19.
Од најновите 163 нови случаи на Ковид-19 во тетовско има 16 ново заболени, додека бројот на оздравени лица е 45.
Тетовскиот регион брои 805 дијагностицирани од кои активно болни се 343 луѓе.