На 62 годишна возраст почина д-р Феми Демири, специјалист пнеумофтизилог во специјалната болница за белодробни заболувања и туберкулоза во тетовски Лешок.
-Доктор Демири беше вработен во специјалната болница во Лешок од 1990 година. Во одредени периоди ја извршуваше и функција началник на болницата, информираа од лешочката болница.
Д-р Феми Демири дипломирал на медицински факултет при универзитетот во Приштина, додека специјализација по пнеумофтизиологија има на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Докторирал на факултет за медицински технички науки при медицински универзитет во Тирана, Република Албанија.
Предавал и на Универзитетот во Тетово.
А.С