Започнаа теренски градежни работи за пробивање и продолжување на булеварот Видое Смилевски-Бато попознат како Индустриска кај спортскиот центар во Тетово. На почетокот на работите беа тетовската градоначалничка Теута Арифи и заменикот минситер за финансии Ширет Елези.
-Целта е да можеме сообраќаjот кој оди преку улицата Борис Кидрич да го пренасочиме и да се намали бројот на возила, да се намалат еколошките проблеми поради сообраќајот. Тешки товарни возила кои не им е дестинација градот со ова продолжување нема да влегуваат во центарот на Тетово. Долгорочно ќе се обидиме по овие 700 метри кои се планираат, да се продолжи уште повеќе кон регионалниот пат за Јажинце, рече Теута Арифи.
Средствата се обезбедени преку Министерството за финансии и Светската банка.
-Ова е дел од проектот за подобрување на општински услуги, одвоени се 990 илјади евра. Возилата наместо во центарот ќе одат во перифиерија, патот е од бенефит за сите жители кои гравитираат кон Јажинце, изјави министерката Ширет Елези.
Преку спортскиот центар булевар треба да се протега до касарната. Должината на продолжениот булевар треба да изнесува 700 метри, со две страни по по седум метри и зелен појас од три метри како и тротоари од 2,5 метри.
А.С