Започнаа подготвителните работи за реконструкција на улицат а„Гоце Делчев“ во Тетово која важи за една од најоштетените сообраќајни делници во градот. Механизација почна да ги отстранува оштетените бетонски плочки, а според информациите на Општина Тетово ќе се поставува асфалт.
-Ќе се реконструира делот од православните гробишта до Два Бреста во должина од 700 метри и широчина од 5,5 метри, според проектот на Министерството за транспорт и врски. Ќе се работи на санирање на атмосферска и фекална канализацијата, а потоа изградба на тротоари, поставување асфалт на сообраќајна лента, сообраќајна сигнализација како и улично осветлување, информираат од Секторот за комунални дејности при Општина Тетово.
Реконструкцијата е финансиски обезбедена преку Министерството за транспорт и врски и Светската банка. Улицата „Гоце Делчев“ е една од најдолгите и најоштетени делници во градот, чија реконструкција се очекува во градот со години наназад.
А.С