Планинарскиот клуб „Јелак “ од Тетово во соработка со Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи и Македонската Православна Црква во недела 20 октомври по втор пат ја организира планинарско-рекреативната акција „Милениумска патека“ на падините на Сува Гора. Патеката е поставена во 2018 година во рамките на низата настани по повод чествувањето на еден милениум постоење на Охридската Архиепископија.
-Новина во овогодинешната акција е засадување на дрво покрај патеката од страна на секој учесник, на локација која дополнително ќе биде утврдена од страна на организаторите, кои ќе обезбедат логистичка поддршка за оваа цел, инфомираат од планинарскиот клуб Јелак.
Планинарско-рекреативната акција тргнува од селото Блаце и и завршува во селото Волковија.
-Спаѓа во лесни тури и е погодна е за почетници, постари планинари, рекреативци и вљубеници во природата со минимум кондиција за движење. Добредојдени се и поискусни имаат желба планинари кои да се запознаат со ретко посетуван предел, кој сѐ до лани воопшто не беше организирано посетуван, инфомираат од ПК Јелак.
Долж патеката ќе се помине покрај шест православни цркви во селата Блаце, Стенче и Волковија. археолошки локалитет – месност „Граиште“, ќе има движење низ пределот каде е сниман култниот македонски филм „Македонска крвава свадба“. Целта е црквата „Св. Мина“, во селото Волковија, каде ќе биде послужен ручек за учесниците на маршот, а пред истите ќе се обрати митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. Пријавувањето е најдоцна до петок 18 октомври.
А.С