Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа има 10 нови заболени од Ковид-19 во тетовско, а исто така 10 излекувани. Бројот на активни случаи е 160, додека вкупно дијагностицирани се 1171.
СВР Тетово бележи 40 казни за луѓе кои не носеле маски како начин на зашита од ширење на коронавирусот.
Во Македонија се бележат вкупно 1825 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на Ковид-19. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 225 оздравени пациенти.
Починати се три лица, двајца пациенти од Скопје на 62 и 68 години и еден пациент од Струга на 68 години, сите во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13308, бројката на оздравени пациенти е 9977, на починати е 557, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2774.