Од денес до петок во просториите на општинската организација на Црвен крст во Тетово се организираат едукации, а воедно ќе се делат и флаери со цел запознавање на населението со тоа како се пружа основата прва медицинска помош на повредени. Повод е светскиот ден на првата помош кој се одбележува во втората сабота во месец септември.
-Целна група се млади лица кои немаат ниту информации ниту практични познавања или животно искуство како да се помогне некому или пак самиот повреден како да постапи при случај на повредување. Потребно е да се укаже дека најважно е да нема паника и соодветно при повредата да се интевенира. Повреда може да се случи секому и секаде, пример при обична употреба на нож во кујна, па се знае дека треба да се направи дезинфекција и обична преврска да се спречи крварење, велат во тетовскиот Црвен крст.
Светскиот ден на првата помош е воведен од страна на Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина во 2000 година.
А.С