Со прва самостојна изложба на мозаици во Уметничката Галерија Тетово се претстави Изет Зеќири, универзитетски професор и академик, поранешен пратеник. Изложбата е насловена „Мозаик со делови од животот“.
-Пред љубителите на уметноста и претставници на политичко-општествениот живот, професорот Изет Зеќири презентираше над 50 мозаици со мотиви од албанската традиција и култура. Отворањето на изложбата го изврши Јелдез Асани, историчар на уметност и професорка на Факултетот за ликовна уметност на Универзитетот во Тетово. Свое поетско гледиште на делата имаше професор Салајдин Салиху информираа од Уметничката Галерија во Тетово.
Изложбата ќе може да се погледне до 7 јули 2021 година.