Четири просветни работнички од основното општинско училиште „Прпарими“ од тетовска Голема Речица изминатава недела престојуваат на карипскиот остров Мартиник како дел од „Еразмус плус“ програмата за мобилност и поддршка во образованието на Европската унија. Тие на карипскиот остров Мартиник, инаку француска прекуморска територија, престојуваат од 10 до 18 ноември. Се во посета на тамошни училишта и образовни институции како претставници на општина Тетово и Македонија.
-Во работната група која е на посета се одделенскиот наставник Теута Алили, професорката по информатика Арта Фаризи, професорката по англиски јазик Кадире Шерифи како и секретарот на училиштето Алије Имери, изјави директорот Насер Нухија.
Во текот на наредниот месец декември и други професори од училишето „Прпарими“ ќе учествуваат во уште една програма за мобилност со посета на училишта во Италија.
-Мобилноста во рамки на „Еразмус плус“ проектот за наставниот кадар ќе значи можност за размена на образованите пракси и работни методи во сферата на образованието, вели координаторот Бесник Алили, одделенски наставник во основното општинско училиште „Прпарими“ од тетовска Голема Речица.
Носител на првата програма за мобилност и посетата на Мартиник се партнери училишта од Франција, додека за втората домаќините од Италија.