Полициски службеници на СВР Тетово вчера (7 јули) околу 12 часот, на улица „Маршал Тито“ во Тетово ги лишиле од слобода А.М.(46) и Е.Ч.(46) од Република Косово, кои непосредно пред тоа извршиле кражба на парични средства на 71-годишниот Р.С. од тетовски Пирок., информира денес тетовската полиција,
Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово, средствата им се одземени и ќе му бидат вратени на сопственикот. Со соодветен поднесок тие денеска( 8 јули) ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.