Вчера 30 јуни околу 15 часот и 50 минути, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода 41-годишен тетовец кој претходно бил пријавен од 51-годишник од тетовска Шипковица дека физички го нападнал, додека извршувал работни задачи во пајак службата на Јавното претпријатие „Градски паркинзи“. Се расчистува и документира случајот, информира СВР Тетово.