Министерсвото за внатрешни работи денес инфомираше дека ноќеска во 01.45 часот во угостителски објект во Тетово од полициски службеници од Полициска станица Тетово бил приведен С.А.(45) од Тетово.
Претходно во Полициска станица Тетово, Ф.И.(40) од с.Џепчиште, Г.А.(38) од с.Слатино и И.И.(31) од Тетово во својство на службени лица од Државен пазарен инспекторат во Тетово пријавиле дека околу 01.10 часот додека преземале службени дејствија за контрола на работно време во угостителски објект на ул.Борис Кидрич во Тетово биле омаловажувани од С.А. од Тетово, кој агресивно се однесувал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти денес МВР.