Тетовската полиција утринава приведе 48 годишен жител на градот поради најдена дрога. Околу 11 часот и 30 минути тој бил приведен на улица „Мурат Бафтијари” во Тетово.
-Лишен од слобода е 48-годишниот тетовец Г.А..При претрес извршен во неговиот дом и помошни простории со судска наредба, биле пронајдени 13 кеси со марихуана, со вкупна тежина од околу еден килограм и три кесички со остатоци од бела прашкаста материја. Г.А. е задржан во Полициската станица Тетово, изјави портпарол на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
На приведениот ќе му биде изготвен поднесок по член 215 од Кривичниот законик.