Во петок ќе се промовира книгата „12 македонски фотограф(к)и“ заедничко дело на авторите Драги Неделчевски од Тетово и Никола Гелевски од Скопје.
Составен дел од промоцијата на книгата и настанот ќе биде и разговор на тема „Сликата на другиот“ во кој ќе учествуваат Никола Гелевски, Искра Гешовска, Бојан Иванов, Драги Неделчевски и Елмедина Шафи.
Промоцијата на книгата е закажана за во петок 15 ноември во центарот за балканска соработка Лоја во Тетово со почеток во 19 часот.