Денес во Тетово полицијата приведе две лица од Дебар, зашто во возилото во кое се превезувале биле пронајдени 20-тина килограми марихуана.
-Попладнево, околу 17 часот, на улица Илинденска во Тетово, полициски службеници запреле патничко моторно возило Мерцедес со скопски регистерски ознаки во кое се превезувале две лица. Возилото го управувал 21-годишник, а како совозач бил 27-годишник, двајцата од Дебар. При нивен и преглед на возилото биле пронајдени 20-тина килограми марихуана. Лицата се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Возилото е одземено за вештачење, додека увидните активности се уште се во тек.