Жителите на Ново село во општина Боговиње протестираа поради како што тврдат несоодветно реконструираната зграда на основното училиште „11 Октомври“ која изгоре во 2017 година. Тие не ги праќаат децата на училиште и таму настава не се одвива.
-Училиштето изгори пред две години и повеќе, имавме ветувања дека училиштето ќе биде направено како што треба. Сега има само шест училници, а 13 паралелки. Ставот е да не се почнува со настава, се додека не направи уште една училница и канцеларија за наставници, тоалетите кои се надвор од зградата да се направат, сега се во непристојна состојба , вратите не се затвораат, изјави Решат Азизи од Советот на родители на ова училиште.
Директорот изјави дека проблемот е во изведувачот на проектот.
-Една фирма беше избрана, се откажа, потоа друга фирма го доби тендерот и добро ја започна работата. Но, работата е одложена неодамна, иако ветувањата се дека училиштето ќе се гради навреме. Одговорност е на Министерството да се справи со ова прашање “, рече Бешир Хакики, директор на училиштето.
Министерот за образование изјави дека ќе се покрене истражна постапка доколку има потреба.
-Гарантиравме дека ќе се гради училиштето во Ново село. Сите процедури беа извршени. Од операторот сум бил известен дека има одложувања, но уверен сум дека ќе се заврши што е можно поскоро за изградба. Немам никакви информации за денешните настани, но ќе контактирам со сите страни, и ние остануваме посветени на завршување на училиштето што е можно поскоро. Доколку има неоправдани одложувања од страна на операторот, тогаш ќе се започне истражна постапка “, рече министерот Адеми.
Во училиштето „11 Октомври“ настава посетуваат околу 200 ученици. Од 2017 учат во други импровизирани објекти во селото.