Тетовската полиција информира дека нивни инспектори расчистиле две кражби на златен накит за што кривична одговорност ќе биде побарана од 55 годишна жена од Палатица. Таа се сомничи дека накитот го зела од куќи каде била ангажирана за работа.
-Секторот за внатрешни работи Тетово расчисти две кражби на златен накит извршени во април годинава во Тетово и тетовско Желино и поради основи на сомнение дека ги извршила до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против 55-годишната Х.А. од тетовска Палатица. Х.А. се сомничи дека во куќа во Желино и стан во Тетово, каде била работно ангажирана, од нивните сопственици противправно одзела златен накит и потоа накитот го продала во златарница во Тетово за сума од 760 евра, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Накитот е пронајден и вратен им е на сопствениците.
ас