Откако е донесена одлуката за задолжително користење на заштитни маски вкупно 282 лица се писмено предупредени поради непочитување на наредбата за користење на заштитна маска, соопшти денес СВР Тетово.
Тетовци и понатаму не се придржуваат до мерките кога е во прашање и ограниченото движење.
-Иминатите 24-часа (12/13-мај) евидентирано е дека едно лице во Тетово не ја почитувало одлуката за ограничено движење. Лицето било лишено од слобода и против него ќе биде изготвен соодветни поднесок за ,,непостапување според прописите за време на епидемија“ (Член 206 од Кривичен законик), соопшти СВР Тетово.
Во овој период 9 нови лица се во изолација со решение од Државен санитарен инспекторат. Полициски службеници контролирале вкупно 143 лица кај кои не се утврдени пропусти.
А.С