Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со потсетување и апел до граѓаните од регионот и пошироко дека питачењето како општествено-девијантна појава е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и дека за ваков вид прекршок, согласно член 24 од овој закон, предвидена е парична глоба од 15 до 50 евра во денарска противвредност.
На родителите или старателите, пак, кои непосредно ќе ги инволвираат своите деца во питачење или на каков било друг начин ќе ги запуштат и малтретираат им се заканува кривична одговорност и ќе можат да се соочат со затворска казна од најмалку пет години до најмногу десет години, согласно член 201 од Кривичниот законик, зависно од околностите и крајните последици.
Секторот за внатрешни работи Тетово, во непосредна кооординација со социјалните и други институции на подрачјето во наредниот период ќе иницира и реализира превентивни и други мерки за справувување со питачењето, во рамките на кои, покрај другото, ќе се санкционираат сите оние кои се инволвираат во ваква појава.