Уште седум лица ноќеска не го почитувале ограничувањето на движењето во периодот од 21 од 5 часот, соопшти денес МВР.
Вчера полицијата инфомираше дека 5 лица на тетовското подрачје не останале дома во време на полицискиот час, или вкупно 12 за првите два дена од мерката.
-Додека во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Тетово на 22 лица им се издадени решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, и 3 лица пополниле изјави дека ќе ги почитуваат препораките за „самоизолација“ од 14 дена. При тоа во споменатиот преиод не се констатирани лица кои ја прекршиле обврската за изолација/самоизолација, соопшти МВР.
Во периодот од 26 февруари до 7 часот на 24 март на подрачјето на СВР Тетово издадени се вкупно 56 решенија за изолација додека пополнети се 670 изјави за самоизолација. Во наведениот период регистрирани се само 3 непочитувања на дадените изјави за самоизолација, додека поднесени се 4 кривични пријави против 4 сторители по член 206 од Кривичниот законик.
А.С