Центарот за јавно здравје Тетово бележи седум нови заболени од Ковид-19 на територијата на тетовското подрачје во текот на изминатото деноноќие.
-Од вкупно седум, четири нови случаи има во населбите во општина Тетово, два случаи во населените места во општина Теарце и еден во Желино, информираше д-р Зорица Зафироска, специјализант по епидемиологија при Центарот за јавно здравје.
Од тетовската полиција информираат дека во тетовско до седум часот утринава не се бележат нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат.
-Извршени им биле контроли на 590 лица со вакви решенија и не биле констатирани неправилности околу почитувањето на решенијата, информираат од СВР Тетово.
Во текот на изминатото деноноќие, за неносење заштитни маски на вкупно24 лицa изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.
А.С