Црквата Свети Ѓорѓи во Лавце добива нов надворешен лик откако на ѕидовите се лепи декоративен камен, а намерата на црковниот одбор е да се уреди дворот како и објектот наменет за конак и трпезарија. Се догради камбанарија над влезната порта на црквата.
-Работите се одвиваат полека уште од март-април 2019 година, затоа што сме малкумина од црковен одбор кои доаѓаат да работат во слободно време. Надворешните ѕидови на црквата Свети Ѓорѓи беа оштетени и вака со поставување на камен се создава и заштита на храмот. Дел од декоративниот камен ќе се поставува околу црквата за да се формира патека. Околу црквата ќе се постави и понова ограда, како и уредување на остатокот од дворот со земја и трева. Во овој период е изградена и канбанерија над самата влезна порта од црквата која исто така е смененат од метална со дрвена со соодветна црковна резба, велат Ивица Симовски и Ќирко Ристоски, членови на одборот кои работат на реконструкцијата на оваа црква.
Се работи и на обнова за конакот кој досега служеше само како ако кујна и трпезарија.
-Претежно се работи на реконструкција на горниот кат, просторот се преградува и уредува со цел да се формирата три мали апартамани со сопствени тоалети. На долниот кат останува кујната и трпезаријата, а од таму се излегува на нова тераса која наликува на видиковец со оглед на поставеноста. Околу конакот треба да се направи хортикултурно уредување со поставување на земја и зазеленување. Тоа може да овозможи места за излети, велат Симовски и Ристовски.
Терасата е предвидено да добие и настрешница. Во дворот на црквата постои дрво за кое се верува кај народот дека има лековите својства.
Во стеблото од дрвото има отвор и се верува дека треба да се протне три пати за проблемот. Црквата Свети Ѓорѓи датира од 19 век.
А.С