Вчеравечер (1 јули) околу 23 часот и 30 минути, во тетовски Лешок, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 36-годишниот Ј.Л. од тетовско Слатино, затоа што при преглед му била пронајдена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок, информира СВР Тетово.