Министерството за внатрешни работи денес информира дека вчера 28 мај во 15,30 часот на регионалниот пат Тетово-Јажинце во с.Теарце се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди А3“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(61) од с.Глоѓи и патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.З.(47) од Тетово во кое биле и тројца сопатници.
-По незгодата сите учесници биле пренесени во Клиничка Болница-Тетово, каде на сопатникот од патничкото моторно возило „голф“, Ќ.Б.(45) од с.Џепчиште му била констатирана тешка телесна повреда додека на останатите им биле констатирани повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, информира МВР.