Околу стотина планинари од повеќе градови учествуваа на денешната акцијата „Чисто, како Лешница после нас“ во организација на планинарскиот клуб „Јелак“ од Тетово, во месноста кој важи за еден од најубавите и најпрепознатливи делови од Шар Планина.
Акцијата резултираше со собрана поголема количина на отпад фрлена во изминатиот период од несовесни и некултурни излетници.
Од ПК „Јелак“ велат дека надежта на ваквите акции е дека ќе престане оставањето на отпадот на местата како Лешница.
-Нашиот морал е на високо ниво и уште повеќе мотивирани за да ја зачуваме Шара за идните генерации планинари. Со ова сакаме да дадеме примет за во иднина ваквите настани на дивеење и уништувањето на природата да престанат, изјави Александар Стојановски-Цули, претставник на ПК Јелак.
Во соработка со шумската полиција и јавното престријатие „Национални шуми“ обезбеден е одвоен транспорт на ѓубрето од самата Лешничка долина, па сѐ до местото на негово одлагање во Тетово. Сите учесници кои беа дел од акцијата со планинарки марш стигнаа до Лешница поаѓајќи утрово во 8 часот од селото Бозовце.
А.С