52 годишник од селото Вејце останал без своите речиси 100 овци откако најверојатно волци го нападнале стадото ноќта помеѓу неделата и понеделникот. Тој за случајот го известил и Секторот за внатрешни работи во Тетово.
-Во СВР Тетово, Џ.Џ.(52) од тетовското село Вејце пријавил дека во периодот помеѓу 28 и 29- септември во атарот на селото Бозовце дивеч, најверојатно волци, му усмртиле 40 овци. Од останатите 15 биле повредени, а 40 избегале и воопшто не се вратиле во неговото стадо. Извршен бил увид, соопштија денес од тетовската полиција.