Студентите од Универзитетот на Југоисточна Европа денес спроведоа акција на отворено во центарот на Тетово со цел да помогнат во спречување на ширење на коронавирусот. Тие поделија 300 заштитни маски, ракавици,како и хигиенско средства за дезинфекција на раце на минувачите.
-Нашата порака до граѓаните е да ги почитуваат новите мерки на Владата. Студентите да останат дома и да следат настава преку Интернет, како што започнавме уште од вториот ден на оваа пандемија, при шти сега веќе успееваме да ги полагаме испитите онлајн, истакна Агрон Демири, претседател на Студенскиот парламент при УЈИЕ.
Ваква акција е спроведена и од студентите во Скопје.
А.С