Шеесет и тригодишен тетовец вчера (31 август) во 23 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 21 часот во нивниот дом бил навредуван од неговиот 28-годишен син, кој се однесувал агресивно, ја кршел покуќнината и му се заканил по животот.
Пријавениот лишен е од слобода, задржан е во Полициската станица Тетово и против него ќе следува соодветен поднесок, информира СВР Тетово