Во шестте тетовски општини Центарот за јавно здравје од Тетово денес бележи 10 нови случаи на заболени од Ковид-19.
-Од вкупно 10 нови случаи на заболени поради коронавирус, 6 се кај жители во рамки на општина Тетово,2 случаи кај жители во населените места при општина Брвеница и по еден позитивен на вирусот кои доаѓаат од општините Теарце и Јегуновце, информираше Зорица Зафироска, специјалист по епидемиологија при Центарот за јавно здравје.
За поединците кои не ги почитуваат протоколите за превенција од ширење на коронавирусот полицијата изрече 24 нови казни.
-Изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба и овие 24 лица треба да платат 20 евра поради неносење на заштитни маски за лице, соопштија од СВР Тетово.
Полицијата не констатирала прекршоци кај 247 луѓе во тетовско кои се контролирани дали се придржуваат до решенијата за изолација дома издадени од Државен здравствен и санитарен инспекторат.
А.С