Сите кандидати за пратеници од Тетово заедно со носителката на листата во изборната единица шест од редовите на ВМРО ДПМНЕ Дафина Стојаноска вечерва во центарот на градот одржаа средба со граѓаните.
-Датумот за избори 15 јули е победа на конзистентните принципи на ВМРО ДПМНЕ. Во текот на овие три недели од кампањата можам да кажам дека секојдневно најпоздравувани и најприфатени од страна на граѓаните во текот на кампањата се кандидати за пратеници од ВМРО ДПМНЕ. Време е да ставиме точка на сите срамни политики и да завршиме со корупцијата и криминалот во првите редови на власта. ДА престанеме да прифаќаме дека политичарот треба да биде арогантен и недостапен за граѓаните. Да не се помириме со новата ненормналност на Заеви и компанијата. Да ја вратиме традицијата и корените да не ја даваме на историјата на прекројување и да воведеме силна економија, да воведеме еднаквоста за сите , квалитетно орбазование. Време е за Обнова, рече Дафина Стојаноска.
Кандидатот од Тетово, кој е на втората позиција на листата, Александар Велјановски порача дека е време за обединување и победа за да се надминат тешките три години.
-Овие три недели што помина со вас слушнав и видов многу разочарни луѓе, почувствува тага и безнадежност, очите на луѓето и младите видов дека не гледаат излез и се соочуват со неизвесност. Сите велат дека не вреди борбата, но проблемот полесно се решава од луѓе кои се тоа то го доживеале. Дојден е моментот кога нема можност за поправен испит. Сега или никогаш, сега сме исправени сите тука пред предизвикот да се биде или не, време е да се соочиме со неправдата и да ја донесеме обновата и победата во Македонија. Време е за победа а не за поделба, рече Велјановски.
Пред тетовчани се обратија и кандидатите за пратеници Валентина Стефановска, Анита Бошковска Јовановска и Константин Џогов.
А.С