Во тетовската полиција вчера Х.М.(20) од Долно Палчиште, тетовско пријавил дека во 14.30 часот на локален пат с.Новак-с.Јеловјане,тетовско, трактор марка “ИМТ 540“, без регистарски ознаки, управуван од Х.М.(43) од с. Долно Палчиште излетал од патот и паднал во бездна длабока околу 30 метри.
При тоа возачот на тракторот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.