Унијата на жени при општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Тетово со пригодна трибина се вклучи во 16 дневен активизам за борба против насилството од 25 ноември до 10 декември. Трибината со наслов „Семејно насилство над жените и насилство кај младите“, ја одржа предавачот Емилија Ѓурчиноска, дипломиран психолог.
Таа даде осврт на развојните процеси на личноста во процесот на формирање на насилното однесување. Беа разгледани одделно и факторите на социјализација, како семејството, училиштето,општествените институции и медиумите, со потенцирање на опасноста од социјалните медиуми каде се развива и сајбербулингот.
„Физичкото насилство има последица за развојот на личноста, но многу подлабоки последици и трауми остава психичкото, емоционалното насилство.Наставниците потребно е да бидат во состојба да ги препознаат и невротските симптоми како последица на врсничко или семејно насилство, како гризење нокти, скубење коса, цицање палец или потполна повлеченост и некомуницирање на детето-жртва.Поразителен е фактот што во Македонија,8 од 10 родители известуваат дека користат физичко насилство во воспитувањето на своите деца, како дисциплинска мерка, истакна психилогот.
Ѓурчиноска за семејното насилство врз жените потенцира дека е важно жртвите да бидат истрајни во намерата да се спасат од проблемот.
„Во однос на семејното насилство над жените, важно е да се напомене дка жените треба да донесат одлука за излегување од зоната на молчењето, да веруваат во себе и да донесат одлука за ставање крај на таа заедница и крај на трауматските искуства.Често пати, не пријавуваат плашејчи се за животот на своите деца, својот живот, губење на старателството, а и се финансиски зависни.Потребно е да побараат помош и да го отттргнат чувството на вина, кое им е наметнато од насилникот, односно мажот“, рече Емилија Ѓурчиноска.
Трибини по повод 16 дневниот аквтивизам се спроведуваат на ниво на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во сите градови во Македонија.