Во пресрет на 25 годишнината од основањето на Универзитетот во Тетово студенти од три програми на Факултетот за уметности овие два дена организираа пригодни активности со цел одбележување на јубилејот.
Изложбата на слики од студенти од програма за ликовни уметности од вчера е поставена во Центарот за култура. По изложбата следуваше концерт со вокално-инструментална музика, подготвен од студенти и професори од студиската програма за музичка уметност. Вечерва студентите од програмата за драмски уметности во класата на Сенад Абдули ја изведоа театарската претстава „Стројници“.
-Денес можеме многу гордо да кажеме дека овие 25 години од нашето универзитетско патување, кое со текот на годините беше болно, полно со жртви, но сепак денес со право зборуваме: 25 години универзитет, 25 години вредност, истакна раководителот на студиската програма за музичка уметност, професор Бајрамали Идризи, кој им честиташе на студентите за нивната работа за време на студиите.
Универзитетот во Тетово го одбележува 17 декември 1994 година како ден на основање.
А.С