Министерството за здравство соопшти дека на тетовското подрачје има 3 нови заболени од Ковид19, со што вкупно има 93 луѓе со коронавирус.
Институтот за јавно здравје регистрира 44 оздравени пациенти во: Скопје-5, Куманово-12, Прилеп-9, Велес-12, Битола-2, Кавадарци-1, Крушево-1, Неготино-2.
Во изминатите 24 часа направени се 292 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на ковид-19 а за прв пат нема во Скопје.
Согласно ова вкупната бројка на Ковид 19, дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 1539 , бројката на оздравени пациенти е 1057, на починати е 88, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 394.