Центарот за јавно здравје изминатото деноноќие на подрачјето на тетовскиот регион бележи три нови лица кои се позитивни на испитувањето за болеста Ковид-19.
Со новите тројца, вкупниот број на дијагностицирани со Ковид-19 во шестте општини во тетовско достигна вкупно 1200 лица, покажуваат бројките за евиденција во Институтот за јавно здравје.
-По еден случај на ново заболени има во општините Тетово, Брвеница и Боговиње, информираше д-р Зорица Зафировска, специјализант по епидемиологија при Центар за јавно здравје Тетово.
Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот за неносење заштитни маски на 40 луѓе изготвени им се прекршочни платни налози поради што ќе треба да плата 20 евра во денарска противвредност.
А.С