Во текот на викендот кражба е извршена во црква во тетовско Беловиште при што се украдени 3000 денари. Кражбата се случилаво црквата „Свети Јован Крстител“, лоцирана во месноста „Петачко водиче“ на речиси два километри надвор од селото, што важи за фрекфрентно место со голем број посетители.
-Четириесет и петгодишниот домаќин на црквата вчера пријавил дека помеѓу 10 и 11 август засега непознати сторители извршиле кражба во црквата „Свети Јован Крстител“. Одземени се околу 3000 денари, откако претходно со друг клуч ја отвориле дрвената влезна врата, информира СВР Тетово.
Екипа на СВР Тетово извршиле увид на самото место, по што се преземаат мерки за расчистување на случајот.