Универзитетот во Тетово вчера одржа свечена академија во пресрет на 22 ноември Денот на кодифицирање на албанската азбука на Конгрес во Битола во 1908 година. Организатор на академијата за 111-годишнина до бтиолскиот конгрес беше Филолошкиот факултет.
-Битолскиот конгрес беше од големо значење не само за националната азбука и литературниот јазик, за образованието и културата, туку и за албанското национално движење воопшто, истакна проф. Д-р Бертон Сулејман, декан на факултетот.
Главен елаборат за важноста на битолскиот конгрес презентираше професорот на Катедрата за албански јазик и литература на Филолошкиот факултет, Д-р Емине Шабани.
-Националната ренесанса има истакнати имиња кои придонеле, па дури и жртвувале сè за зачувување на јазикот, културата и идентитетот. На овој конгрес имаше вкупно 32 делегати со право на глас, претставувајќи 23 градови, друштва и клубови и 18 други делегати што не гласале, истакна Шабани.
Настанот заврши со рецитал подготвен од студенти на албански јазик и литература како и инструментална интерпретација со флејта.