Општина Тетово информира дека се започнати градежни работи за уредување на месноста Бањиче за кои ќе се искористат над 375 илјади евра добиени во рамки на проект. Според службата за комуникации, парите ќе се искористат за четири потфати за унапредување на инфраструктурата и уредување на месноста.
-Проектот вклучува регулирање на пристапниот пат до ова место, регулација на коритото, регулирање на термоминерални извори и поставување урбана опрема. Проектот вреди 23.104.692 денари, а е во рамките на проектот на Општината во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, информираат од Општина Тетово.
Месноста Бањиче се наоѓа на 3 километри западно од Тетово во падините на Шар Планина во правец на изворот на река Пена. Препознатливо е по изворите со минерална вода, а до таму има и пешачка патека како и асфалтиран пат.
Воедно, една од најголемите опасности за движење по патот и патеката се оштетени потпорни ѕидови.
А.С