Учениците од основното училиште Лирија од наставата по македонски јазик од второ до петто одделение денес оддадоа почит со положување цвеќе пред Споменикот на револуцијата во Тетово по повод 75 години од ослободувањето на градот во Втората светска војна на 19 ноември1944 година.
Нивните наставнички им одржаа историски час со што учениците се запознаа со настаните поврзани со ослободувањето како и со значењето на историскиот момент за денешна слобода на македонскиот народ.