Носителката на листата на СДСМ во Изборната единица број 6 Фаница Николоска, придружувана од директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Фатон Асани и од директотор на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, во посета на шарпланинското село Урвич и селото Боговиње, седиште на истоимената општина.
Фаница Николоска ги запозна жителите на овие две села кои се во состав на Општина Боговиње со делови од изборната програма на коалицијата МОЖЕМЕ и со предвидените проекти кои се однесуваат на подобрување на животот на жителите на оваа општина.
СДСМ се грижи за подобар животен стандард на жителите на Општината Боговиње. Започната е изградбата на детска градинка во Боговиње со капацитет од 80 деца. Градиме водоводи, канализации, училишни сали и локални патишта. Го подобруваме животот на сите граѓани. Жителите на руралните средини заслужуваат пристојни услови за живот и работа.
Покажавме дека македонското општество и нашите граѓани можат да бидат и солидарни и грижливи. Покажавме дека може да се помогне на секоја индивидуа или заедница на која тоа ѝ е потребно. Направивме пресврт и разлика, од општество во кое се гази врз достоинството на луѓето, станавме општество во кое се помага на сиромашните и ранливите, држава која се стреми сите да имаат и да уживаат еднакви права. Го скршивме синџирот на сиромаштијата. Се грижиме за здравјето, вложуваме во младите, истакна Фаница Николоска.