Фаница Николоска носител на листата со кандидати од СДСМ во коалицијата „Можеме“ заедно со Движењето Беса во шестата изборна единица денес беше во посета на Јегуновце.
Во рамките на работниот викенд го посетивме наше Јегуновце каде во тек е изградба на новата спортско училишна сала во склоп на ООУ Александар Здравковски, истакна таа.
-Здравата популација е потенцијално најважниот ресурс на општеството и придонесува за неговиот целосен социјален и економски напредок. Многупати ВМРО-ДПМНЕ го ветуваше и најавуваше овој проект но ниту една лопата не беше фрлена. Дури и во услови на криза владата предводена од СДСМ, посветено и континуирано работи во унапредување на образовниот процес. Не застануваме тука. Изградба на спортски сали во руралните средини е наш приоритет во периодот што следи. Вложуваме во најмладите, истакна Фаница Николоска.
А.С