Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на Ковид-19 од кои во тетовско се 12 нови случаи. Активни се вкупно 323 случаи.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 120 оздравени лица, од кои 9 во тетовскиот регион.
Од 8 починати, 4 се од тетовско. Од нив двајца на 70 и 74 години се починати во тетовската клиничка болница. Вкупно во тетовско починале 63 лица.