Вчера (10 јуни) околу 22 часот и 30 минути, на паркинг на бензинска пумпа во Тетово, полициски службеници на СВР Tетово ги лишиле од слобода В.Р.(20) и М.А.(20) од Тетово, затоа што при нивен и преглед на возилото „рено“, со тетовски регистарски ознаки, со кое се превезувале, била пронајдена марихуана. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и против нив ќе следуваат поднесоци.
Ноќеска (11 јуни) околу 1 часот и 45 минути, на улица „Караорман“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода тетовците А.М.(20) и А.М.(25), затоа што при нивен и преглед на нивното возило „фолксфаген венто“, со тетовски регистарски ознаки им била пронајдена марихуана. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе им се изготват соодветни поднесоци.
Амир Далипи, началник на СВР Тетово