Шестгодишно дете и неговата 26 годишна мајка се повредени откако во нив удрило возило управувано од 19 годишник, соопшти СВР Тетово. Незгодата се случила вчера околу 14.40 часот на кружниот тек од булевар „Видое Смилевски Бато“ со улица „Браќа Миладинови“ во Тетово.
-Патничко возило „опел Корса“ со тетовски регистрски ознаки, управувано од Е.С.(19) од Тетово, удрил во пешаците И.Ш.(26) од Тетово и нејзиниот 6-годишен син. Во незгодата, двајцата пешаци се здобиле со повреди, информира СВР Тетово.
Двајцата повредени биле пренесени во Клиничка Болница-Тетово за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
А.С