Вкупно шест лица се повредени, од кои едно девојче потешко во сообраќајна незгода при што се судриле три возила на улицата Илинденска вчера поколу 19 часот во Тетово. Се судриле „Опел корса“ управуван од Б.С (21) од Ново село, потоа “Фолксваген голф“ што го возел Н.Н(59) од Палатица и „БМВ“ од М.Д (38) од Тетово, сите со тетовски регистерски ознаки.
-Во незгодата тешки телесни повреди добила 16 годишно девојче, сопатничка вовозилото Опел корса. Таа е пренесена во тетовска клиничка болнница, каде и е укажана прва помош, по што поради сериозните повреди е однесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Телесни повреди здобил возачите на „Опел корса“ и „БМВ“ како и вкупно три други сопатнички од тие две возила, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
По овластување на јавен обвинител е извршен увид на местото, со цел да се утврдат причините и околностите поради кои дошло до сообраќајната незгода.
А.С